Актерката Ана де Армас ја раскина врската со славниот колега Том Круз затоа што наводно се чувствувала „непријатно“ поради брзото темпо во кое врската се развивала.
Де Армас и Круз раскинале пред неколку седмици, по девет месеци врска.
„Работите брзо се одвивале и таа почна да се чувствува малку непријатно поради тоа колку сѐ оди брзо“, изјавил извор за „Us Weekly“. Поради тоа одлучила да ја раскине романсата, но изворите тврдат дека Круз и натаму ѝ се допаѓа и дека поранешниот пар има „неоспорна хемија“.

Иако актерката моментално не сака да биде во врска со Круз, не може да ја игнорира таа поврзаност, вели изворот, па постојат шанси ситуацијата да се смени во иднина.
„Сакаат да останат пријатели, но таа мора да направи чекор назад“, додал изворот.
Холивудските ѕвезди поттикнале гласини за врската уште во февруари кога биле видени на вечера на Денот на вљубените. Во следните неколку месеци во повеќе прилики снимале заедно, биле на вечера во Лондон, заедно се забавувале на прослава на 50-от роденден на Дејвид Бекам, биле на концертот на „Oasis“, а последен пат биле видени како се држат за рака во Вудсток.
Ана и Том се зближиле на снимањето на трилерот „Deeper“ во текот на којшто секој ден поминувале заедно поради вежбањето за интензивните сцени.
Започнале да се почитуваат професионално, а потоа хемијата била очигледна. Том бил целосно маѓепсан од Ана, а актерката навистина уживала во друштво на актерот.

Меѓутоа, нивната романса не издржала, а вестите за нивното раскинување веднаш се појавиле во јавноста.
„Том и Ана добро се забавуваа заедно, но нивното време како пар заврши. Ќе останат добри пријатели, но повеќе не се во врска. Сфатија дека нема да потрае и останаа добри пријатели. Искрата меѓу нив згасна, но и натаму уживаат кога се во друштво“, изјавил извор.










