Реднап за тешкиот пораз на Ливерпул: Погрешен тим, не можете да ми кажете…

Дерби

30/10/2025

15:04

252

Големина на фонт

а а а

Ливерпул беше надигран и претрпе заслужен пораз од Кристал Палас во осминафиналето на англискиот Лига Куп.

Домаќините беа поразени со 3-0 во мечот во кој упатија само еден удар во рамките на голот на противникот. Менаџерот Арне Слот се одлучи да излезе со комбиниран тим, тим во кој имаше многу млади играчи како на теренот така и на клупата и многумина изненади со таа одлука.

Еден од нив беше Џејми Реднап кој пред мечот порача дека е шокиран од изборот на играчи, а по последниот свиреж беше директен и меѓу редови порача дека Ливерпул и Слот едноставно посакувале да го загубат овој натпревар.

- Ова беше погрешен тим, да не се лажеме. Не им олеснивте на младите играчи поради тимот и играчите околу нив. Не можете да ми кажете дека тој го избрал тој тим денес и тие замени размислувајќи „ова ќе ми донесе резултат против навистина добар тим на Кристал Палас“. Можеби се надевате дека можат, но јас не верував ниту една секунда дека можат да ги победат.

- Тој направи грешка денес, но е неверојатен откако дојде во клубот, ова е вистински притисок за сите засегнати, но тоа е фудбалот, - порача Џејми кој е поранешен играч на составот од „Енфилд Роуд“.