Микел верува во „топчиите“: Арсенал конечно е подготвен, може да ја освои ПЛ, но и ЛШ

Дерби

30/10/2025

15:01

141

Големина на фонт

а а а

Некогашиот репрезентативец на Нигерија и екс ѕвезда на Челси, Џон Оби Микел верува дека Арсенал може да има перфектна сезона и да ги освоите двете најважни титули, Премиер лигата и Лигата на шампионите.

„Топчиите“ по три кампањи во кои беа втори во домашниот шампионат, сега се лидери и делуваат навистина сигурно по деветт одиграни кола, а засега се најдобро функционира и во елитното натпреварување со три од три и гол разлика 8-0.

- Ова е сезона која само Арсенал може да ја загуби. Ако Арсенал и Микел Артета не ја освојат Премиер лигата… составот, длабочината што ја имаат, е застрашувачки. Тие го имаат најдобриот состав не само во Премиер лигата, не само во Англија, туку и во светскиот фудбал во моментов. Се обложувам дека нема подобра длабочина на составот од оној на Арсенал.

- Не зборуваме само за единаесетте играчи што почнуваат, што имате на клупата што влегува и добива натпревари, Арсенал, нема подобри. Понекогаш не е почетната единаесетка таа што ти ги добива натпреварите, туку кого ќе донесеш од клупата, го видовме Арсенал… Мартинели како доаѓа од клупата за да им ги освои натпреварите, Езе, Мерино, Хаверц е повреден. Застрашувачки е и Микел Артета го знае тоа, ова е титула на Арсенал што треба да ја изгуби. Длабоко во себе знаат дека е вистина, ова е сезоната кога Арсенал треба да ја освои Премиер лигата. Сити не е таму, Ливерпул се мачи, ние [Челзи] немаме искуство да одиме и да ја освоиме Премиер лигата.

- Зборуваме за Премиер лигата, мислам дека можат да продолжат да ја освојуваат Лигата на шампионите, ете колку се добри Арсенал. Страшно е, ви велам, тимот што го имаат, играчите што ги имаат, начинот на кој играат, и можам да видам мала ментална промена, мислам дека во моментов веруваат, има нешто таму, можам да го почувствувам сега, конечно Арсенал е подготвен, - порача Микел.