Едвардс и навивачите на Минесота провоцираа играч на Лејкерс, но добија одговор и неговото име сега ќе го запаметат

Дерби

30/10/2025

13:58

291

Големина на фонт

а а а

Минесота Тимбервулвс не ја оправда улогата на фаворит и загуби од ослабениот Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен.

„Езерџиите“ играа без Дончиќ, Џејмс, Смарт, Винсент…но тренерот Редик успеа да извади максимум од останатите момци и да слави во Минеаполис со 116:115.

На крајот херој беше Остин Ривс кој погоди со звукот на сирената, меѓутоа еден друг член од стартната петорка го привлече вниманието-тоа е Џејк ЛаРавија. Тој погоди пет тројки од шест обиди, постигна вкупно 27 поени со 8 скока и сега неговото име дефинитивно ќе го запаметат во Минеаполис.

- Кој е број 12, - викаше гласно еден навивач на „волците“?

- Тоа и јас велам…не знам искоментира гласно од клупата Ентони Едвардс кој поради повреда исто не беше во коомбинација за настап.