Влаховиќ: Мораме да се погледнеме во огледало…

Дерби

30/10/2025

13:02

170

Големина на фонт

а а а

Јувентус по подолго време забележа победа во Серија А и тоа против Удинезе кој падна во Торино со 3-1.

„Старата дама“ немаше ниту еден триумф од месец септември, а пред соочувањето со Удинезе беше четири натпревари без погодок што донесе реакција на управата која го отпушти Игор Тудор.

Промената, шокот донесе резултат и Јувентус оствари победа за три важни бода, но останува дилемата, прашањето дали екипата може констатно да бележи добри резултати.

- Сменивме три тренери за една и пол година. Треба да се погледнеме во огледало и да видиме што правиме погрешно. Не мислам дека е исправно да се обвинува само едно лице. Одговорноста е на сите. Денес требаше да испратиме сигнал и го направивме тоа, но ако не продолжиме да го правиме тоа во следните натпревари, тоа нема да значи ништо. Треба помалку да зборуваме, а повеќе да правиме.

- Сакам да ја искористам оваа можност да му се заблагодарам на тренерот Тудор за она што го направи, за она што го претставува за Јувентус и да му посакам многу среќа, - истакна Душан Влаховиќ кој запрашан за неговата иднина, тој порача:

- Не знам што може да се случи, никогаш не вели никогаш, но навистина не знам.Фокусиран сум на сегашноста. Да се ​​зборува за тоа сега нема смисла со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме. Треба да зборуваме помалку, а да правиме повеќе; треба да се вратиме на подобри перформанси и победи. Тоа е мојот фокус. Беа тешки неколку дена, но останавме фокусирани. По натпреварот со Лацио, размислувавме што треба да направиме вечерва. Задоволни сме од победата, но мора да продолжиме вака, - истакна напаѓачот.