Њукасл излезе како победник од битката со Тотенхем и обезбеди пласман во четвртфиналето на англискиот Лига Куп.
„Страчките“ славеа со 2-0 со головите на Шар во првото и Волтемаде во второто полувреме што значи се уште остануваат во игра за одбрана на трофејот во ова натпреварување каде за нареден ривал ќе го имаат составот на Фулам и тоа на „Сент Џејмс Парк“.
Вчерашниот меч на северот на Англија донесе и една комична ситуација на крајот, гостите тргнаа во контра преку Коло Муани кој долго време ја влечеше топката пред на патот да му застане судијата Крис Кавана.
Кавана ненамерно ја спречи оваа контра на „петлите“ што наиде на воодушевување кај навивачите на „Сент Џејмс Парк“, плус доби и аплаус од домашниот капитен Бруно Гимареш.
🚨 Chris Kavanaugh defended the Newcastle net better than any Spurs defender tonight pic.twitter.com/kBdLIoJ68I
— HotspurReports. (@hotspurreports) October 29, 2025







