Поплавите го парализираа јужниот дел од земјата: Прогласена вонредна состојба во делови од Шпанија

Макфакс

30/10/2025

12:50

171

Големина на фонт

а а а

Обилните дождови што го погодија шпанскиот регион Андалузија предизвикаа речиси 1.500 пријавени инциденти, од кои 970 се случија во најтешко погодената покраина Севиља.

Поради поплавите, некои патишта беа затворени, а железничкиот сообраќај беше прекинат неколку часа, објавува денес „Диарио де Севиља“.

Граѓаните пријавија повеќе од 70 проценти од инцидентите кај властите поради поплави, а 127 пријави се должат на лизгање на земјиштето и свлечишта.

Во Севиља, по обилните дождови, улиците, гаражите и јавните згради беа поплавени, а болницата „Вирхен Макарена“ мораше да спроведе план за непредвидени ситуации за да продолжи да обезбедува здравствени услуги.

Во Кармона, дождовите ја оштетија универзитетската резиденција и неколку домови за стари лица, принудувајќи ги жителите на еден од нив да се евакуираат.