Медиумите го обвинија тренерот Флик за повредата на Педри

Макфакс

30/10/2025

12:27

191

Големина на фонт

а а а

Играчот од средниот ред на Барселона, Педри, претрпе многу посериозна повреда отколку што првично се предвидуваше.

Вчера пристигна веста дека Педри претрпел повреда на мускулот и дека ќе отсуствува околу еден месец, но се покажа дека ситуацијата е многу посериозна. Според извештаите, Педри ќе отсуствува сигурно шест до осум недели, што значи дека ќе пропушти десетина натпревари на Барселона.

Каталонскиот клуб не го прецизираше периодот на закрепнување, но многумина се изненадени што Барселона во официјалното соопштение истакна дека Педри одиграл дури 72 од 73 натпревари откако пристигна Ханси Флик, буквално пропуштил само еден.

Исто така, Педри беше стартер во сите 13 натпревари од почетокот на оваа сезона, а беше и редовен во шпанската репрезентација, бидејќи Луис Де Ла Фуенте не го поштеди. Логично, телото не издржа и Педри претрпе повреда на мускулот.

Иако Барселона се надеваше дека Педри ќе биде подготвен до крајот на ноември, односно за гостувањето кај Челзи во Лигата на шампионите и за дербито со Атлетико Мадрид на 2 декември, тој сигурно ќе ги пропушти тие два натпревари.

Пред тоа, Барса ја очекуваат многу важни натпревари, со Клуб Бриж и Ајнтрахт во Лигата на шампионите, односно со Елче, Селта, Атлетик Билбао, Алавес, Бетис во Ла Лига.

Датумот на враќање што Педри го таргетира ќе бидат последните два натпревари од годината, против Осасуна на 14 декември и Виљареал седум дена подоцна.