[ФОТО] „Срцето ми се кине кога ја гледам ваква“: Пејачката ги загрижи фановите со новиот изглед

Точка

29/10/2025

19:57

763

Големина на фонт

а а а

Аријана Гранде ги загрижи обожавателите на премиерата на филмот „Wicked: For Good“ во Њујорк – пејачката изгледала никогаш послабо, а социјалните мрежи се полни со коментари за нејзиното здравје.

Пејачката и актерка Аријана Гранде се појави на њујоршката премиера на филмот „Wicked: For Good“, но нејзиното појавување предизвика бурни реакции од целосно неочекувана причина.


Иако носела раскошна комбинација во стилот на балерина – светлорозов топ и впечатливо здолниште во силно розова нијанса – модните детали овојпат не беа во фокусот.

Сите погледи биле вперени во нејзината исклучително слаба фигура, која ги загрижи и фановите и јавноста.

На снимките и фотографиите од премиерата, Аријана делува кревко, речиси непрепознатливо. Многумина се огласија на социјалните мрежи, изразувајќи загриженост и тага поради нејзиниот изглед.


„Ова не изгледа здраво“, напишал еден корисник, додека друг додал: „Срцето ми се кине кога ја гледам ваква“.

„Не сум нејзин фан, но изгледа како да не ѝ е добро. Се надевам дека некој ќе ѝ помогне“, стои во еден од најчесто споделуваните коментари.

Имало и такви кои коментирале дека пејачката изгледа толку поинаку што едвај ја препознале.


„Кој е ова?“, прашале многумина, изненадени од нејзиниот нов изглед.

Да потсетиме, Аријана во последниве години повремено зборуваше за своето здравје и за притисоците што ги носи јавниот живот. Сепак, нејзиниот сегашен изглед повторно ги поттикна шпекулациите за можни здравствени проблеми – иако пејачката засега не дала никаква изјава на таа тема.