[ВИДЕО] Робињо првпат се јави од затвор и откри како изгледаат неговите дневни рутини

Дерби

29/10/2025

13:24

2.211

Големина на фонт

а а а

Робињо ја отслужува својата казна затвор поради силување и ја одлежа првата година од деветгодишната казна, а бидејќи во последно време се пренесоа информации дека фудбалерот има посебен третман и всушност се чувствува како човек кој има многу бенефити, сега со официјално соопштение во јавноста се јави самиот напаѓач.

Преку обраќање за медиумот „Глобо Еспорте“, Робињо се јави од затвор и откри како изгледаат неговите дневни рутини, при што демантираше било какви информации дека добива поразличен третман од другите затвореници во затворот во Сао Пауло.

– Мојата исхрана, времето за спиење и сè останато е исто како и за сите други затвореници. Никогаш не сум јадел нешто поразлично, никогаш не сум добил поинаков третман.

– Кога е време за работа, работам исто како и сите останати, а тоа се случува секој ден, освен недела. Ако сакаме да играме фудбал, дозволено ни е да го правиме тоа само во недела, кога немаме дневни задачи во затворот.

– Никогаш не сум имал било какви привилеги, моите доаѓаат на посета само во сабота или недела. Или доаѓа мојата сопруга сама, или заедно со моите деца. Посетите се исти како за сите затвореници и тука правилата важат исто за сите, – вели Робињо.