Тренерот на Валенсија го испофали Димитриевски по првиот настап оваа сезона: Неговиот глас е многу важен

Дерби

29/10/2025

10:46

769

Големина на фонт

а а а

Столе Димитриевски никако не може да биде задоволен од статусот и минутажата која ја добива во Валенсија, но македонскиот чувар на мрежата останува максимално професионален и колегијален и во таква ситуација, нешто што наиде на голем поздрав и од тренерот кој не му укажува голема шанса на нашиот голман.

Димитриевски за првпат настапи на голот на Валенсија оваа сезона и тоа го направи во Куп победата над Маракена со резултат 0:5, а бидејќи имаше одлична претстава без да прими гол, Корберан на прес-конференцијата по натпреварот го коментираше значењето на македонскиот голман.

– Впечатокот од Димитриевски е многу позитивен, тој го водеше натпреварот многу добро и на крајот имаше клучна одбрана со која ја сочува својата мрежа.

– Видовме како презема контрола во неколку ситуации и како им дава самодоверба на младите играчи кои беа на теренот. Димитриевски е играч кој многу помага во нашата соблекувална со својот глас.

– Тој мотивира, му помага на тимот да се прилагоди, давајќи пораки кои внесуваат самодоверба и храброст. Тој го прави тоа секоја недела, пред секој натпревар и сега тоа го направи и на теренот. Задоволен сум од неговата игра, – изјави Корберан.