Јувентус го прифатил последниот услов на Спалети, искусниот стручњак на пат кон Торино!

Дерби

29/10/2025

10:49

275

Големина на фонт

а а а

Лучијано Спалети во најскоро можно време треба да пристигне на параф во Торино, откако директорите на Јувентус решиле да го прифатат единствениот услов кој го поставил искусниот стручњак за да стави потпис на договорот со италијанскиот великан.

Лошата форма и разочарувачките резултати на првиот тим направија да видиме нова тренерска смена во Торино, а овојпат жртвено јагне беше Игор Тудор кој го водеше тимот од крајот на минатата сезона.

Веднаш по отказот, како две најзвучни имиња во јавноста за негов наследник се споменуваа Лучијано Спалети и Роберто Манчини, но сепак предност му се даде на доскорешниот италијански селектор и поранешен тренер на Наполи.

Спалети се враќа во Серија А после историскиот трофеј кој му го донесе на Наполи, а воедно му е остварена и желбата која била единствена во преговорите со Јувентус.

Лучијано прифатил да има краткорочен договор до крајот на сезоната, но со опција истиот да биде автоматски продолжен ако успее да избори пласман во Лигата на шампиони.