Кристоф Дугари беше член од златната генерација на Франција која доминираше во европскиот и светскиот фудбал на крајот на минатиот и на почетокот на новиот век, а како напаѓач кој своевремено играше и за Милан и Барселона, си даде за право да го коментира последниот испад на Винисиус.
Дугари беше „џокер“ од клупата на Франција на Светското првенство во 1998-ма година и на Европското првенство две години подоцна, па како Французин кој е воодушевен од играта на Мбапе, сепак вели дека не може да го поднесе неговиот колега од нападот.
– Бев импресиониран од партијата на Мбапе, не само поради прикажаната игра, туку и поради однесувањето на теренот. За разлика од него, Винисиус е неподнослив. Секогаш плаче по судиите, плаче против ривалите, ја пали публиката како да е во арена, а сега го пцуе и својот тренер. Можете да бидете разочаран, но ова е веќе премногу.
– Не знам кој може да биде задоволен од неговиот однос. Делува иритантно, постојано плаче и само бара нешто од судијата. Исто така, тој е далеку од нивото кое го имаше пред две години.
– Треба да се постават големи прашалници над него. Треба да покаже друго лице ако сака да биде „Златна топка“, но без разлика на се, Флорентино Перез на крајот ќе го продаде, – вели Дугари.







