Фановите на Брентфорд му смислија потценувачка песна на Вирц и му фаќаа голем сеир

Дерби

29/10/2025

10:44

171

Големина на фонт

а а а

Флоријан Вирц сè уште нема остварено никаков учинок во англиската Премиер лига, а бидејќи таквиот тренд продолжи и на натпреварот со Брентфорд, противничките фанови почнаа да му фаќаат сеир на големото летно засилување.

Ливерпул издвои 125 милиони евра за ѕвездата на Баер Леверкузен и очекувањата беа тој да биде главен креатор во завршната третина од теренот, но почетокот во Англија е далеку од идеален за него, за што доволно говори и статистиката.

На девет настапи во Премиер лигата, Вирц нема ниту една асистенција и ниту еден гол, а веќе почна да трпи и потсмевање од противничките фанови.

– Залудно потрошени пари, залудно потрошени пари……, – му пееја навивачите на Брентфорд кога беше изваден од игра изминатиот викенд.

Вирц излезе од игра при резултат 3:1, а до крајот Салах постигна гол и натпреварот заврши 3:2.