Метју Пери, актер познат по улогата на Чендлер Бинг во култната серија „Пријатели“ („Friends“), почина на денешен ден во 2023 година од случајно предозирање со кетамин.
Иако неговата смрт беше прогласена за несреќен случај, подоцнежната истрага откри дека повеќе лица биле вмешани во нелегална дистрибуција на дрога, меѓу кои двајца лекари и неговиот асистент. Во јуни 2025 година, еден од лекарите ја признал вината по четири точки на обвинението.
It’s been two years since the tragic loss of the talented Matthew Perry. 🕊️pic.twitter.com/o17ozpVPIA
— Film Crave (@_filmcrave) October 28, 2025
Пред својата смрт, Пери отворено зборуваше за своите борби со алкохолизмот и зависноста од опијати, но и за тоа дека конечно се чувствувал „безбедно трезен“. Во својата автобиографија од 2022 година, тој напиша дека неговата смрт „би ги шокирала, но не би ги изненадила“ луѓето — што се покажа како пророштво.
Речиси точно една година подоцна, трагичното предвидување на Пери се оствари: на 28 октомври 2023 година, ѕвездата на „Friends“ беше пронајдена мртва во своето џакузи — како последица на предозирање со кетамин.
Today marks two years without Matthew Perry. His humor and heart continue to touch so many. He will forever be missed. ♥️ pic.twitter.com/TanyNpZsRi
— Friends TV Show (@HookedonFriends) October 28, 2025
Неговата смрт потсети на опасностите од злоупотребата на лекови и остави трајна порака за борбата со зависноста и значењето на поддршката во процесот на опоравување.
Неговата кариера започна кон крајот на 1980-тите со помали улоги во ТВ-серии и филмови, но светската слава ја стекна во 1994 година со улогата на Чендлер Бинг во култната серија.
Неговиот саркастичен хумор, препознатливиот глас и совршениот комичен тајминг го направија еден од најомилените ликови во телевизиската историја. Со колегите од серијата, Пери стана дел од поп-културата и остави неизбришлив белег кај генерации гледачи ширум светот.
Освен „Friends“, Пери глумеше и во филмовите „The Whole Nine Yards“, „Fools Rush In“ и „17 Again“, а се појави и во бројни телевизиски проекти, меѓу кои сериите „Studio 60 on the Sunset Strip“ и „The Odd Couple“.








