[ФОТО] Порасна и се ожени: Брен Старк од „ Game of Thrones“ стапна на лудиот камен во Лондон – која е мистериозната „М“?

Точка

28/10/2025

15:19

1.042

Големина на фонт

а а а

Иако снимањето одамна е завршено, серијата „Игра на тронови“ не престанува да го интригира светот. И медиумите и страствените фанови внимателно ги следат случувањата во вистинскиот живот на главните ликови, па редовно добиваме информации кој добил дете, кој се развел и кој се оженил.

Така дознавме и дека Ајзак Хемпстед Рајт, младиот актер кој го играше Брен Старк, неодамна се оженил со својата долгорочна партнерка, чиј идентитет засега се наоѓа во фолдерот „строго доверливо“.

Сè се случило минатиот викенд, открива „Daily Mail“. Ајзак Хемпстед Рајт (26), кој ја стекна популарноста благодарение на улогата на Брен Старк во телевизиското ремек-дело кое ги рушеше сите рекорди на гледаност, на интимна церемонија во Лондон го изговорил судбоносно „да“ на избраничката чијшто идентитет засега е – тајна.


Ѕвездата на серијата „Игра на тронови“ не сакала да открие премногу детали на љубопитната јавност, можеби и по желба на младата, но фотографиите на Инстаграм ни кажаа сè што треба да знаеме – дека познатиот актер отворил ново поглавје во книгата на својот живот.

„Најдобрата личност што некогаш сум ја запознал, најдобар ден, најдобри пријатели и семејство какво може само да посакате… Каков ден, каков живот! Те сакам, М. Благодарам на сите кои го направија овој голем настан посебен“, напишал тој покрај мини-албум со фотографии од свадбата.


По излегувањето од зградата на општината, гостите ги посипувале младенците со конфети, а потоа сите се качиле во познатиот црвен автобус, двокатник, и заминаа во ресторан каде се одржала просвата. Оригинално, нема што. На социјалните мрежи му честитале и колегите, меѓу првите Софи Тарнер и Гвендалин Кристи.


Иако рано почнал да се занимава со глума – за улогата на Брен Старк бил „драфиран“ кога имал само 12 години – Ајзак Хемпстед Рајт одлучил да го заврши и факултетот, поради што последниот филм го снимил уште 2021 година. Се посветил на науката и дипломирал неврологија, а станал и покровител на организацијата „Humanists UK“.