Ретко и целосно помрачувањето на Сонцето нѐ очекува во 2027 година, а истото поттикнало огромен пораст на резервации за патување во пет земји кои се наоѓаат на патот кон темнината.
Според британски „Mirror“, „Google“ пребарувањата за дестинации во овој регион нагло се зголемиле во последните неколку месеци, додека ентузијастите и вљубениците во небесните феномени планираат како да бидат на вистинско место во вистинско време.
Целосното помрачување на Сонце во 2027 година ќе биде најдолгото помрачување на овој век видливо од копното.

Ова се некои од најдобрите локации за набљудување:
Тангер, Мароко – oваа област се наоѓа директно во централната сенка, а набљудувачите можат да очекуваат околу четири минути целосен мрак.
Оран, Алжир – оваа темнина ќе трае и повеќе од пет минути.
Сфакс, Тунис – посетителите можат да очекуваат повеќе од пет минути мрак.
Бенгази, Либија – градот се наоѓа на средишната линија на помрачување, нудејќи околу пет минути целосен мрак.
Луксор, Египет – оваа локација е близу точката на најголемото помрачување каде се очекува речиси максимално траење од над шет минути.
За да го прослават овој редок настан, „Wild Frontiers“ специјализирани за патување, лансирале три ексклузивни „eclipse special“ тури.
Интересно е тоа што сите резервации за првите тргнувања биле распродадени за само 24 часа. Поради огромниот интерес, „Wild Frontiers“ додал нови датуми за тргнување и се очекуваат слични резултати за побарувачката како и претходниот датум.

Клара Тобин, директорка на компанијата изјавила: „Ова е единствена прилика за сведочење на еден од најневеројатните природни спектакли. Ги започнуваме турите на три најдобри локации за набљудување во северна Африка.
Патниците ќе можат да го набљудуваат тоа од традиционални бродови на Нил во Египет, меѓу римските рушевини во Алжир или од величествениот амфитеатар Ел Јем во Тунис“.







