Реал Марид споделуваше детали и интересни моменти од големата „Ел Класико“ победа во текот на цело попладне, но пред самиот крај на денот, излезе и со едно соопштение кое беше сосема неочекувано.
Дани Каравахал влезе во игра во второто полувреме и беше дел од мешаницата која настана на теренот по последниот судиски свиреж, па иако натпреварот го заврши без никаков проблем, откако се оладил, капитенот на Реал пријавил проблем во оперираното колено.
Карвахал беше девет месеци во аут поради целосно руптура на предниот вкрстен лигамент, а сега поради несекојдневен проблем во истото колено (десното), го чека нова пауза.
Реал Мадрид со официјално соопштение сподели дека на Каравахал му се оформило зглобно слободно тело во оперираното колено, поради што ќе мора да подлегне на оперативен зафат.
„Кралскиот клуб“ соопшти дека Карвахал во најскоро време ќе направи артроскопска операција, а очекувањата се да биде во аут од два до три месеци, што значи дека 2025-та година е завршена за него.
Parte médico de Carvajal.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) October 27, 2025
🔗 https://t.co/sshTbDDNpB pic.twitter.com/qRKNoU1P9B







