Италијанскиот прволигаш Јувентус се одлучи да пресече и да го отпушти Игор Тудор по серијата на лоши резултати.
„Старата дама“ доживеа три порази на последните четири натпревари, натпревари на кои не постигна ниту еден гол, плус последната победа екипата ја забележа во септември што на крајот беше сигнал дека е време за промена. Меѓутоа прашање е дали Хрватот е единствениот виновник, нешто што го детектираа и навивачите со оставената порака, нешто за што зборува и некогашниот претседател на „бјанконерите“, Џовани Коболи Џигли.
- Тудор докажа дека е способен да прави добри работи. Тој чудесно го донесе Јувентус на четвртото место минатата година, а исто така донесе и славни настапи, како натпреварот против Интер. Нешто не функционира во механизмите на клубот повеќе од она кај Тудор.
- Трансфер кампањата изгледаше ветувачка, но се покажа како нефункционална. Одговорноста е на клубот, а првиот што плаќа е секогаш тренерот. Тудор има силен карактер и веројатно се судри со Комоли. Но, не можам да заборавам дека го зеде Јувентус во комплициран момент и донесе возбудлив фудбал. Јас би го задржал, но клубот сакаше шок, - вели Џовани кој меѓу опциите кои се споменуваат за нов тренер би го одбрал Роберто Манчини.
- Меѓу опциите, најрелевантното име е Манчини – иако имам свои резерви за него. Би го исклучил Спалети, - порача некогашниот функционер на „старата дама“.







