Селтик и Ренџерс играат лошо во тековнава сезона, па двете екипи поради тоа се одлучија да преземат мерки и ги променија тренерите.
Прво тоа го направи тимот на Бојан Миовски, а сега на таков потег се одлучи и актуелниот шампион и тоа пред се со помош на досегашниот стратег Брендан Роџерс. Роџерс одлучи да си поднесе оставка по поразот од Хартс, оставка која беше прифатена и со која заврши вториот мандат на менаџерот од Северна Ирска на клупата на великанот од Глазгов.
Тој севкупно со Селтик освои четири лигашки пехари, три купа и четири лигашки Куп трофеи.
Привремено екипата ќе ја води легендарниот Мартин О’Нил заедно со Шон Малоуни.
Како потенцијален тренер се споменува Анге Постекоглу што би било негов камбек на клупата на „келтите“.







