Зошто некои луѓе никогаш немале сексуални односи? Научниците открија интересни податоци

Точка

28/10/2025

10:27

749

Големина на фонт

а а а

Зошто некои луѓе никогаш не стапиле во сексуален однос, дури ни во зрелата возраст? Ова прашање било центар на најголемата меѓународна студија од ваков тип, објавена во научното списание PNAS, која открива дека доживотното девствеништво е резултат на сложена комбинација од психолошки, социјални и генетски фактори.

„Романтичните и сексуалните врски често претставуваат важна форма на социјална поддршка. Нивното отсуство може да доведе до осаменост, анксиозност, депресија и намалено чувство на благосостојба,“ објаснува коавторката Лаура Веселдијк од Институтот „Макс Планк“ за емпириска естетика (MPIEA) во Франкфурт.

Истражувачки тим, кој вклучува научници од Холандија и Австралија, анализирал податоци од повеќе од 400.000 луѓе во Велика Британија на возраст од 39 до 73 години. Околу 1 процент од испитаниците изјавиле дека никогаш немале сексуални односи.

Што им е заедничко на луѓето без сексуално искуство?


Лицата кои никогаш не стапиле во сексуален однос, во просек биле повеќе образовани, но истовремено и поосамени, поанксиозни и помалку среќни во споредба со останатите. Девственоста во подоцнежната возраст почесто се јавувала во подрачја со поголема нееднаквост во приходите.

Кај мажите, телесните карактеристики имале одредена улога: оние без сексуално искуство почесто биле поскромна физичка градба и живееле во региони со помал број жени.

Научниците утврдиле дека околу 15% од разликите може да се објаснат преку генетски фактори. „Најзабележителна е врската со гените кои влијаат на интелигенцијата, образованието и невролошките развојни нарушувања како аутизмот,“ изјавил коавторот Абдел Абделаоуи од Универзитетот во Амстердам.

Дополнително, испитаниците без сексуално искуство поретко консумирале алкохол или дроги, а почесто носеле очила во младоста — што, според истражувачите, укажува на социјално повлечена личност која потешко воспоставува врски.


„Станува збор за луѓе кои се поинтровертни, со намалени социјални интеракции, што ја отежнува можноста за пронаоѓање партнер,“ објаснува Брендан Цитш од Универзитетот во Квинсленд, Австралија.