[ФОТО] „Ја посетивме најголемата „фабрика за тестенини“ на отворено: Во оваа тесна уличка бабите рачно ја прават популарната италијанска паста“

Точка

27/10/2025

14:32

495

Големина на фонт

а а а

Само неколку чекори од морскиот брег и величествениот нормански замок Кастело Свево, Бари крие едно ќоше што ја чува приказната за традицијата, италијанскиот горд дух и вештината што прераснала во вистинска туристичка атракција.

Тоа е улицата Страда Арко Басо, позната и како „улицата orechiette“, каде што жените на улица рачно ја подготвуваат познатата тестенина, која можете и директно од нив да ја купите. Иако не е долга, оваа улица претставува неверојатен спој на минатото, традицијата и туризмот – нешто од што денес голем дел од регионот живее!

На улицата тестенината се прави веќе со децении, но туристите ја откриле пред десетина години

„Пред некое време ја посетивме Апулија, живописниот регион во „петицата“ на Италија, а неговото срце – градот Бари – нè изненади со животот на улиците, скриените агли и ненаметливата убавина. Една од обврзните станици на нашата листа беше токму Страда Арко Басо. Но, доколку пристигневме во Бари пред десетина години, веројатно немаше ниту да слушнеме за неа – можеби само случајно би залутале таму за време на прошетка“, пишува „Putni Kofer“.


Токму тогаш, со растот на популарноста на социјалните мрежи и патничките блогови, улицата престанала да биде тајна што ја знаеле само локалците. Жените на Арко Басо ја подготвуваат тестенината веќе со генерации, ја учат оваа вештина од своите мајки и баби, а пред развојот на туризмот својата тестенина ја продавале на ресторани и традиционални тратории.


Орекете, што во превод значи „мали уши“, се најпознатиот облик на тестенина во Бари

„Штом поминавме под сводот на почетокот на улицата, на кој јасно стои името на оваа историска улица, веднаш забележавме врева — мирис на свежо тесто и брашно, џагор на луѓе и тивка италијанска музика во позадина, што на целото искуство му даде уште поавтентична атмосфера.


Тука, пред очите на љубопитните минувачи, жените — познати како nonne barese (иако некои од нив се очигледно премлади за прекарот „баба“) — со вешти движења го обработуваат тестото на дрвени маси и го обликуваат во препознатливата форма на Апулија. Тоа се орекете, што во превод значи „мали уши“, по кои улицата го добила прекарот „улица на орекете“.


Гледајќи ги нонне барезе, човек може само да им се восхитува на нивната вештина и брзина. Ги набљудуваме како го подготвуваат тестото и се восхитуваме на нивните брзи и прецизни движења, кои изгледаат како добро усогласена кореографија — движења што ги совладале многу пред Бари и оваа улица да станат туристичка атракција.


Дрвени табли поставени на праговите на куќите, тацни полни со свежо тесто што се суши на благиот медитерански ветар, мирисот на пченично брашно и пријателскиот џагор— сето тоа создава атмосфера на автентична, жива разгледница од Апулија.

Кај некои од жените има поголема гужва — се собираат групи туристи, нонните позираат за фотографии, додека други се повлечени и дури имаат закачено знак дека фотографирањето е забрането.

Кај секоја од нив може да се купи тестенината — начин да се наградат нивниот труд и неверојатната умешност.


Иако има туристи, улицата го нема загубено својот шарм и автентичност

Иако Страда Арко Басо стана вирална на социјалните мрежи, таа и понатаму успева да ја задржи својата душа. Тука нема да сретнете кичести сувенири ниту студена комерцијализација, туку вистинска поврзаност меѓу животот и храната — токму онака како што отсекогаш било во јужна Италија.


Најдобро е да дојдете наутро, кога улицата е најжива, но ние ги сретнавме ноните барезе и во попладневните часови. Уживајте во разговор со локалните баби, подарете им широкa насмевкa и задолжително научете неколку зборови на италијански — со тоа сигурно ќе им го освоите срцето.

Купете и нарачајте орекете — најпознатиот локален сос е оној од репка

Традицијата за подготовка на тестенина, особено орекете, во овој дел од Бари се пренесува со генерации. Децении наназад жените седат на дрвени маси и ги подготвуваат орекетите, како за своето семејство, така и за ресторани. Иако денес улицата е туристички хит, чувството на автентичност не е изгубено.


Ако сакате да ги пробате познатите орекете — „мали уши“ карактеристични за Бари, можете да ги нарачате во речиси сите ресторани, а најпознатиот сос е од репка.