[ФОТО/ВИДЕО] Десет години по смртта на Дејвид Боуви: Легендарната манекенка на 70 години воодушеви на црвениот килим и ги засени сите како некогаш

Точка

26/10/2025

12:24

992

Големина на фонт

а а а

Легендарната манекенка Иман, вдовица на музичката икона Дејвид Боуви, се појави на црвениот килим на „Есенската гала на Американскиот балетски театар“ во Њујорк и воодушеви со својот изглед.

На 70-годишна возраст, Иман сè уште зрачи со елеганција и самодоверба, а нејзиното ретко појавување во јавноста привлече големо внимание.


Супермоделот кој се повлечe од јавниот живот по смртта на Боуви во 2016 година, блеснала во прекрасен сатенски фустан со раскошни слоеви, кој бил украсен со црвен цветен вез, кој го нагласил неговиот предниот дел.

Иман го надополнилна изгледот со дијамантска белегзија и обетки, додека фризурата во ретро стил – кратка боб фризура со гламурозни кадрици – дополнително го нагласила нејзиниот беспрекорен изглед.


Иман пристигнала на настанот за да ја поддржи балерината Мисти Коупланд, која неодамна се збогувала со Американскиот балетски театар, завршувајќи ја брилијантната кариера како првата Афроамериканка што ја зазела позицијата главна балерина во историјата на организацијата.


Откако го загуби сопругот, Иман ретко се појавува на јавни настани. Во едно интервју, таа признала дека периодот по смртта на Боуви бил исклучително тежок за неа:

„Беше премногу. Живеевме многу повлечено и одеднаш се чинеше како да сме станале мета – јас и ќерка ми. Луѓето постојано стоеја пред нашата куќа, што го разбирам, но во еден момент морав да кажам: „Доста, одете дома“. Таа продолжила да раскажува како ја фотографирале и ги продавале сликите, а потоа ѝ пристапувале со зборови на сочувство. „Тие велат: 'Ја чувствувам твојата болка'. А јас си мислам: 'Не, не ја чувствуваш, бегај од мене'.“


Таа исто така раскажала дека нивната љубовна приказна всушност била судбина. Иман и Боуви се запознале на состанок на слепо во 1990 година, организиран од неговиот фризер, но исто така открила дека нивните патишта повеќепати се вкрстувале и пред тоа:

„Првпат бев на неговиот концерт во Њујорк во 1976 година. Ме поканија да се запознаам со него зад сцената, но јас не отидов. Подоцна, секогаш одев на неговите концерти, но никогаш не го запознав. Судбината го чекаше својот момент“, раскажала Иман.


Нивниот брак траел 23 години, сè до смртта на Боуви во 2016 година по битката со ракот на црниот дроб. Оттогаш, Иман се посветила на семејството и нивната ќерка, Александра Захра Џонс, а денес вели дека нејзиното семејство е нејзин највисок приоритет:


„Денес, се гледам себеси, пред сè, како мајка и баба – тоа е моето место во животот“, рекла легендарната Иман. Што се однесува до нејзините години, таа со насмевка додала дека има едно нешто што сепак ја забавува на 70 години: „Не можам повеќе да носам штикли. Ги знам моите граници“.