Тројца тешко повредени во сообраќајки во Скопје и Битола

Макфакс

25/10/2025

14:44

263

Големина на фонт

а а а

Тројца граѓани се здобиле со тешки телесни повреди во три одделни сообраќајни несреќи што се случиле на 24 октомври во Скопје и Битола, соопшти МВР.

Во 19:15 часот во скопското село Марино, на крстосницата од улиците „532“ и „531“, се судриле патничко возило „Тојота Рав 4“ управувано од 63-годишниот Г.Т. од Марино и мопед со кој управувал 32-годишниот С.Г. од Скопје. Мопедистот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Неколку часа порано, во 17:42 часот, на регионалниот пат Битола–Новаци, патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистарски таблички, управувано од 48-годишниот Ј.С. од Битола, излетало од коловозот. Возачот е тешко повреден и е хоспитализиран во битолската Клиничка болница.

Во уште една несреќа, што се случила во 10:30 часот во Скопје, на крстосницата од улиците „Народни херои“ и „Вера Јоциќ“, автомобил „Фолксваген Голф“, управуван од 65-годишната С.М., удрил во пешак – 76-годишната Ш.П. од Скопје, која со тешки повреди е пренесена во „Мајка Тереза“.

Во сите случаи увид извршиле екипи од Секторите за внатрешни работи во Скопје и Битола, а полицијата работи на целосно расчистување на околностите на несреќите.