Детството е период на развој на љубовта кон спортот. Таа кај многу деца претставува непоколеблива страст, неизмерна желба и врвно уживање.
Тоа е момент кога децата учат како да ги слават успесите и да се акомодираат на неуспесите, а тоа е непроценливо вредно искуство кое ќе го применуваат и на други полиња во животот, вели психологот Мирјана Цветковиќ од Психолошкиот центар „Алтернатива“.

Спортот и физичката активност им даваат на децата можност да научат корисни вештини, да ги подобрат нивните когнитивни вештини, но најважно – подобро да се запознаат себеси и сопствените способности. Токму затоа е важно да се охрабруваат децата да започнат со некаков спорт – бидејќи инвестирањето во себе од мали нозе ќе им носи придобивки до крајот на животот.
Со цел да ги мотивира децата да бидат физички активни, а нивните родители да бидат повклучени во нивниот развој, Виталиа пред три години ја лансираше Детската трка, која оттогаш се претвори во традиција и оваа година за првпат се одржа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Во ко-организација со Атлетската федерација на Македонија, на Виталиа детската трка годинава се пријавија 820 деца, а над 2.800 посетители дојдоа да ги бодрат додека трчаа на атлетската патека и триумфално поминуваа низ целната линија.
820 деца за првпат ја добија шансата да се чувствуваат како вистински спортисти и да истрчаат на професионална атлетска патека. За децата тоа беше непроценливо искуство, кое сигурно ќе го паметат до крајот на животот, а родителите со право беа исполнети со чувство на гордост и задоволство бидејќи ја имаа можност да ја споделат оваа радост со децата. Соработката на Виталиа со Атлетската федерација на Македонија ќе продолжи и понатаму, надевајќи се дека се повеќе деца и во иднина ќе се бават со атлетика, кралицата на спортовите
Спортската страст и навиката да се биде активен најдобро се стекнува на мала возраст, а ваквиот активен начин на живот има докажано позитивен ефект кај децата и тинејџерите. И тоа не само на физичко, туку и на психолошко и емотивно ниво. Децата преку спортот учат како да решаваат проблеми, како да работат во тим, како да се соочат со даден предизвик и како да се справат со притисок, а овие вештини потоа им помагаат многу подобро да одговорат на секојдневните предизвици.

Виталиа е компанија која силно стои зад здравите навики, а тоа го покажува и практично, преку постојано иновирање на портфолиото на производи за активен живот и преку поддршка на бројни спортски настани од земјата. На Детската трка можеа да се забележат многу дечиња со производи од специјализираната Детска линија на Виталиа, но и од останатите вкусни закуски кои се совршен придружник за здрав живот.


Комерцијален текст











