Трамп ѝ се закани на Шпанија поради ниските трошоци за одбрана

Макфакс

23/10/2025

09:56

290

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Шпанија дека не е тимски играч и се закани со казни и можни царини, поради тоа што Мадрид издвојува само 1,3 oтсто од БДП за одбраната, најмалку меѓу земјите на НАТО.

Трамп бара сојузниците да трошат најмалку 5 отсто од БДП за националната безбедност и предложи дури и исклучување на Шпанија од Алијансата.

И покрај остриот тон, во НАТО и Мадрид не се вознемирени. Високи воени извори велат дека претњата не се сфаќа сериозно, пишува „Политико“.

Министерката за одбрана Маргарита Роблес одговори дека Шпанија е доверлив и одговорен сојузник, потсетувајќи дека земјата 40 години е дел од НАТО и дека многу шпански војници го дале животот во меѓународни мисии.