Шон Дајч дефинитивно не е менаџер кој е препознатлив по атрактивен фудбал и возбудлив стил на игра, но како човек кој многупати знаел да се справи со „врели костени“ во обидот да се избегне испаѓање, сега доби доверба и од најконтроверзниот газда во Премиер лигата.
Евангелос Маринакис без вистинско образложение го „шутна“ Нуно Еспирито Санто и оваа одлука брзо му се одби од глава, бидејќи неполни два месеци подоцна, му се „заблагодари“ и на вториот менаџер.
Проектот Анге Постекоглу експресно залута во погрешни правци и поранешниот менаџер на Тотенхем не го дочека ниту 40-от ден како менаџер на „шумарите“, па Нотингем во изминатите неколку дена беше во потрага по нов тренер.
Ова утро самиот клуб официјално пренесе дека Шон Дајч ја добил довербата од првиот човек Маринакис, па сега ќе се бара излез од кризата со човекот кој во повеќе наврати знаеше да опстане во елитата со тимови кои се борат за опстанок.
Последно му успеваше тоа со Евертон, а претходно се стекна со таков статус и како менџер на Барнли.