Зверев издвои четири имиња кои можат да ги предизвикаат Алкарас и Синер

Дерби

17/10/2025

11:24

165

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкарас и Јаник Синер се двајца асови кои доминираат во тенисот, двајца асови кои беа најдобрите на најважните турнири во 2025 година, асови кои ќе играат во финалето на „Слемот на шесте кралеви“.

Шпанецот и Италијанецот веќе некое време се далеку пред конкурентите иако на другата страна има имиња кои се поискусни од нив и кои успевале да триумфираа на најголемата сцена.

Александер Зверев е еден од играчите од кого се очекува многу повеќе, па токму тој верува дека заедно со уште неколкумина можат да им застанат на патот на најдобрите двајца на светот.

- Карлос и Јаник сега се светлосни години пред сите нас, но има и такви од нас кои можат да ги предизвикаат. Новак Ѓоковиќ, Тејлор Фриц, Џек Дрејпер и јас сме способни тоа да го направиме. Едноставно не можеме да се гледаме како си честитаат за најголемите трофеи. Мора да ги предизвикаме и секогаш да го имаме тоа на ум, - истакна Германецот.