Мајсторија за победа: Силва со атракција донесе радост за Флуминенсе во 98. минута

Дерби

17/10/2025

11:21

115

Големина на фонт

а а а

Тиаго Силва од минатата година повторно настапува во својата татковина и тоа во клубот во кој го направи првиот значаен исчекор во кариерата-Флуминенсе.

Сега тука и ќе ја заврши истата, но додека се реши за тоа максимално ќе ги брани боите на Флуминенсе, тим за кој рано утрово даде атрактивен погодок за славје над Хувентуде во домашниот шампионат.

Фаворитот триумфираше со 1-0 и тоа со погодок постигнат во 98 минута, гол на 41-годишниот Тиаго и тоа со супер удар во лет.