Тоти направи споредба на Скудетото со освоениот пехар на СП: Некој ќе каже дека сум луд…

Дерби

17/10/2025

10:59

300

Големина на фонт

а а а

Франческо Тоти долго време беше меѓу заштитните лица на Серија А и италијанскиот фудбал, ас кој се одлучи целата своја активна кариера да и ја посвети на Рома.

Тој беше дел од „волчицата“ од 1993 до 2017 година, период во кој клубот имаше добри и лошо времиња, но без разлика на се и покрај понудите Тоти остана верен и каде што ја почна таму и ја заврши кариерата.

Таа лојаност кон клубот, грбот тешко се гледаше во негово време, минатото, а денеска пак тоа е речиси невозможна мисија, да видиме играч кој целото свое фудбалско патување ќе му го посвети на еден тим.

Колку Франческо е приврзан кон Рома најдобро говори неговиот став, изјава во последниот разговор со Лука Тони каде директно порача дека освоеното Скудето со „волчицата“ далеку повеќе го цени од освоениот пехар со Италија на СП во 2006 година.

- Не го освоив само Скудетото, го освоив со мојот дрес, бидејќи дресот на Рома е длабоко вкоренет во мојата кожа. Доживувањето на тоа како капитен, симбол на Рома и како романиста, беше неописливо. Освојувањето на Светското првенство и Скудетото се два соништа што секој играч сака да ги оствари.

- Некои би рекле дека сум луд, но искрено, го ставам Скудетото ниво над освојувањето на Светското првенство, - порача иконата на Рома.