Пети: Аморим зборува глупости…

Дерби

16/10/2025

11:58

184

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед и во оваа сезона се мачи со констатноста во играта, па и резултатите, сезона во која игра само во домашните натпреварувања што дефинитивно е одредена предност за екипа која има високи амбиции и може да се „одмори“ од европските задачи.

Меѓутоа Јунајтед веќе испадна од англискиот Лига Куп и тоа од нисколигашот Гримзби, додека во Премиер лигата е на 10. место со освоени 10. бода од 7 натпревари.

Во изминатиов период имаше доста критики за менаџерот Рубен Аморим и пред се неговата тврдоглавост околу формацијата, начинот на игра. Доста познати и големи имиња ова го потенцираа, но Португалецот си остана на своето порачувајќи дека не се работи за системот и дека и ако се направат промени (формациски), нема да се има резултати, плус воедно ги „пецна“ оние кои ги критикуваат вклучувајќи ги и новинарите.

Ова сосема очекувано донесе контра реакција, а меѓу оние кои се огласија е поранешниот француски репрезентативец Емануел Пети.

- Ова е првпат да слушнам менаџер да го користи тоа како изговор за неуспехот на своите играчи. Немојте да бидете смешни. Рубен Аморим зборува апсолутни глупости. Вашите играчи знаат дека она што го кажувате е апсолутна глупост. Како можете да го кажете тоа кога управувате со Манчестер Јунајтед? Ако не сте во можност да се справите со критичарите кога управувате или играте за големи клубови и добивате толку многу пари, тогаш сменете го клубот. Не работете во топ клубови.

- Го прочитав тоа и си помислив: „Дали сериозно го кажа тоа?“ Бев играч во врвни клубови со огромни очекувања. Кога бев на теренот, никогаш не се обидував да најдам изговори. Едноставно ја преземаш својата одговорност, биди маж. Знам дека бев многу лут на критичарите, дел од она што го кажуваа беше неправедно поголемиот дел од времето, но мора да се справиш со тоа. Убавината на фудбалот е во тоа што ја имаш сопствената судбина во свои раце, што значи дека можеш да бидеш на теренот по еден натпревар, а потоа да бидеш херој на следниот. Можеш да ја промениш таа ситуација. Имаш моќ да ја промениш, затоа едноставно направи го тоа, - рече Пети и додаде:

- Престанете да се фокусирате на тоа што луѓето го кажуваат во видеата од играчите на социјалните мрежи. Секој играч и менаџерот, сите заедно, треба да се обидат да ја променат ситуацијата, околината. Има толку многу луѓе во Манчестер Јунајтед на кои им недостасува карактерот и личноста за да ја променат. Искрено, луѓе, ако не можете да го направите тоа, само бидете искрени со себе во огледалото. Кажете: „Не сум во можност да го направам тоа затоа што се плашам“. Тоа е тоа. Затоа бидете искрени и променете се, - заклучи Французинот.