Српскиот фудбалски сојуз по се изгледа ќе има многу потешка задача да најде селектор од тоа што првично се мислеше, бидејќи после првите воспоставени контакти со неколку тренери, пронајдени се доста различни ставови кои треба да бидат приближени.
Драган Стојковиќ Пикси си замина по поразот од Албанија и воопшто не го доработи октомврискиот квалификациски прозорец, а откако Србија во Андора беше водена од Зоран Мирковиќ, беше јасно дека наредниот период ќе се искористи за преговори и интервјуа со неколку тренери.
Српските медиуми велат дека во потесен круг се Владан Милојевиќ, Велјко Пауновиќ и Дејан Станковиќ, со тоа што популарниот Деки самиот се прецрта во ситуација кога има незавршена работа во Русија.
– Логично е тоа што медиумите ме поврзуваат со селекторската функција. Секој тренер сонува да ја води својата репрезентација, а истото важи и за мене.
– Маракана преполна, „Боже правде“ во еден глас, тоа се емоции кои еден ден сигурно ќе ги доживеам како селектор, но не сега. Сега имам договор со Спартак Москва, – изјави Станковиќ.