Ѓоковиќ за играчот во кого се гледа: Мислам дека е очигледно…

Дерби

16/10/2025

12:59

570

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ остана без грен слем трофеј и во оваа сезона, но без разлика на се тоа се уште не размислува за заминување во тениска пензија.

Тој сè уште е конкурентен, има што да покаже, ги решава противниците со исклучок на Јаник Синер и Карлос Алкарас кои остануваат проблем за него кога се работи за турнирите во три сета. Меѓутоа Србинот е доволно искусен, квалитетен да се снајде во секоја ситуација и да го извлече максумумот и останува да видиме што ќе донесе наредната година.

Во меѓувреме има уште некој предизвик во 2025, а еден од нив е егзбицискиот турнир „Слем на шест кралеви“ во Ријад.

Тука Ноле ќе се соочи со Синер, играч во чија игра се пронаоѓа и се гледа себеси.

- Синер. Мислам дека е очигледно. Тој ја удира топката најсилно што може, се движи одлично, граден е слично на мене, слаб, и игра тенис до совршенство во однос на стратегијата. Се обидува да биде комплетен играч и да го користи секој удар во играта. Значи, да, ме потсетува на мене во моите најдобри денови, - истакна Србинот.