Септември донесе врвни серии кои ги собраа гледачите пред екраните, па време е да откриеме што се гледало и зошто за овие наслови се зборува.
Есента тропна на вратата, а со неа пристигнаа и нови сезони на возбудливи премиери и серии кои веќе ги зазеле врвовите од листите по гледаност, а ги освоиле и критичарите.
Доколку барате квалитетно бегство од секојдневието, тогаш имаме вистински предлози за вас.
Три серии кои се издвоиле во септември 2025 година и го заслужиле епитетот „must-watch“, како меѓу публиката така и меѓу критичарите.
„Slow Horses“
Жанр: Шпионски трилер, драма, црна комедија.
Дејство: Британски шпионски тим којшто никој не го сака, познат како „Slow Horses“ повторно е во центарот на акцијата.
Ги предводи Џексон Лемб, циничен, но брилијантен лидер којшто ја води групата на отфрлени агенти MI5.
Во петтата сезона старите непријателства се враќаат, а новите играчи внесуваат дополнителен хаос во сложените односи.
Дозата хумор и паметните дијалози остануваат заштитен знак на серијата. Ликовите се несовршени, но исклучително човечки и поради тоа публиката не може да не ги сака.
„Black Rabbit“
Жанр: Драма, психолошки трилер, криминалистика.
Дејство: Оваа мрачна драма ве води низ животот на поранешен наркоман којшто се обидува да го исчисти својот живот, но брат му е во криминално подземје и се обидува да го вовлече назад.
Дејството се случува во темните делови на Њујорк каде тајните и лојалноста играат опасна игра. Џуд Ло и Џејсон Бејтмен брилираат во главните улоги, носејќи тежина и емоција во секоја сцена.
Серијата е полна со напнати моменти и неизвесност, а приказната за семејните врски и простувања е провлечена до крајот. Естетиката е стилизирана, а атмосферата густа и интензивна.
„Alice in Borderland“
Жанр: Научна фантастика, трилер, акција, дистопија.
Дејство: По бруталната игра во претходните сезони, Арису и Усаги се враќаат во свет каде опстанокот се плаќа со пот, солзи и често со живот.
Третата сезона носи нови игри со карти кои ги тестираат психичките и физички граници на учесниците. Ликовите се позрели, светот е уште погруб, а прашањето „зошто се тука?“ е сѐ повеќе во фокус.
Серијата ги спојува јапонската естетика, акција во стилот на видеоигрите и наративното богатство, а оваа сезона го продлабочува светот и дава одговори кои фановите ги чекале. Се гледа дека нуди оригиналност, напнатост и филозофски прашања спакувани во адреналинска авантура.