Што научивме од Панчо? Порака која треба да ја запаметиме: „На овој свет сите сме дошле сами и ќе си отидеме сами“

Точка

15/10/2025

14:42

988

Големина на фонт

а а а

Вчера македонската јавност повторно беше обвиена во црно, по одекнување на веста дека нашиот драг Владимир Блажев – Панчо, нѐ напушти и си замина меѓу ангелите.

Владимир Блажев – Панчо, дел од популарното дуо ДНК, по седуммесечна борба, вчера им подлегна на повредите здобиени од пожарот којшто се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.


Панчо долго време беше на интензивно лекување во „Систина“, се чинеше дека ќе успее да го надмине тоа и дека повторно ќе имаме можност да го видиме, но македонската јавност вчера повторно истури река од солзи по овој голем човек.

Голем дел од неговите колеги, со трогателни и емотивни зборови се простуваат од Панчо, а тагата и солзите излеани по него не престануваат.

Во морето објави на социјалните мрежи поврзани со трагичната вест за смртта на Панчо, неговите верни фанови не престануваат да споделуваат една негова емотивна објава.


Ви ја пренесуваме во целост:

„На овој свет сите сме дошле сами и ќе си отидеме сами.

Си дошол гол.

Ќе си отидеш гол.

Си дошол слаб.

Ќе си отидеш слаб.

Твоето прво бањање?

Некој те избањал.

Твоето последно бањање?

Некој ќе те избања.

Тогаш зошто е потребна сета таа злоба, завист, омраза, его…..

И онака заминуваме со празни раце.

Треба да го градиме богатство во себе.

Луѓето ќе нè памтат по нашата добрина, хуманост и колку љубов сме дале и оставиле зад себе“.

Нека ти е светол патот таму горе драг Панчо, ќе живееш вечно во срцата на луѓето!