„Мајка ми ме родила на 11 години, растев во сенка и никој не сакаше да се дознае вистината“: Актерот проговори за семејната тајна која е навистина тешка

Точка

16/10/2025

08:15

1.725

Големина на фонт

а а а

Актерот Терел Картер познат по улогата на Тајлер Пери од серијата „Beauty In Black“ и од хитот „Empire“, ја отворил душата и раскажал една од најпотресните исповеди во својата кариера, дека мајка му го родила кога имала само 11 години.

Говорејќи во поткастот „QL Show“, Терел открил дека неговото семејство не знаело дека неговата мајка е бремена сѐ додека бременоста не била при крај.

„Мојата мајка имала 11 години... Јас сум бил проблематично дете, семејна тајна... Пораснав во сенка затоа што татко ми не сакал никој да ја знае вистината“, раскажал актерот.


Мислеле дека не може да забремени

Неговата мајка, чие име не го открил, родена била со сериозни здравствени проблеми, веднаш по раѓањето ѝ била ампутирана ногата, а семејството верувало дека не може да има деца затоа што внатрешните органи не биле целосно развиени.

Терел додал дека мајка му и татко му во меѓувреме починале, а дека тогаш во моментот на нејзиното породување, членовите од семејството биле повеќе загрижени за „семејниот углед и стабилност“ отколку тоа што му се случувало на дете од 11 години.

„Беа повеќе фокусирани на тоа да не го нарушат мирот и структурата која ја имаа. Не сакале никој ништо да дознае за тоа“, изјавил актерот.

Терел се присетил и на моментот кога како петгодишно дете првпат бил свесен дека неговата мајка не е како другите родители.

„Се каравме за боички. И тогаш сфатив, таа е како дете. Говореше како дете, а јас уште тогаш бев ментално позрел од неа“, рекол низ солзи актерот.

Денес, вели, разбира низ каков пекол поминала неговата мајка.

„За мојата мајка која не можеше ни да говори јас сега го имам гласот којшто таа никогаш не го имаше“, рекол емотивно актерот.


Актерот отворено признал дека му биле потребни многу години да собере сила и јавно да говори за своето минато.

„Како дете мислев, како тоа сум целосно поразличен од нив? Не сакав никој да ја знае вистината. Кој сака да каже дека мајка му била злоставувана?“, рекол искрено актерот.

Терел истакнал дека во многу црни семејства, како неговото, траумата и срамот често остануваат потиснати и неизговорени.

„Кога во доверба им ја раскажав својата семејна приказна на пријателите, видов како тоа им помогна да проговорат и тие. Сакав да бидам пример, дека вистината колку и да е болна, ослободува“, заклучил Картер.