Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор

A1ON.MK

15/10/2025

18:48

622

Големина на фонт

а а а

„Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Може да сметате на нас, напиша на социјалната мрежа „Х“ претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, по средбата во Владата со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

-Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во вашиот двор. ЕУ е подготвена“ напиша кусо Фон дер Лајен.

Претходно, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Мицкоски на средбата со Фон дер Лајен, истакнал дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности.


Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен завчера од Тирана ја почна својата тридневна турнеја низ земјите од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки денеска допатува во Скопје.

За време на престојот во Скопје Фон дер Лајен оствари средби и со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.