[ВИДЕО/ФОТО] „Или си СДСМ или не си“ - вели Филипче за предизборните фотографии на Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ

Точка

15/10/2025

16:23

843

Големина на фонт

а а а

Од лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска беше побаран коментар за објавените фотографии на кои е Бранко Црвеновски во друштво со членови на партијата ЗНАМ и на ВМРО-ДПМНЕ. објави Скопје1.мк

Фотографијата е направена во угостителски објект во Охрид, а покрај Пецаков, на масата заедно со Црвенковски седат и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Саше Донев, и Јован Мирчески – газда на „Пупе компани“, поранешен член на СДСМ, кој во меѓувреме со неговите поддржувачи од Охрид премина во ЗНАМ. Членот на Советот на Општина Охрид од редовите на ЗНАМ (претходно „Охрид пред сè“) е дел од мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ во охридскиот совет.

Покрај оваа, на социјалните медиуми се појави и фотографија на која Црвенковски е во друштво на носителката на листата на советници на ЗНАМ во Охрид, Марина Ѓоргоска


Прашан на прес-конференција што мисли за фотографиите од Охрид на кои екс-лидерот Црвенковски е во друштво со личности од политичкиот противник ВМРО ДПМНЕ и од ЗНАМ, сликани во ресторан како вечераат лидерот Филипче со краток коментар.

„Во однос на фотографијата којашто излезе на социјалните медиуми од поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, јас можам само да го цитирам – ‘Или си СДСМ или не си’“, рече Филипче.