Рафиња: Понудата која ја одбив можеше да го реши животот на моите родители и моите деца

Дерби

15/10/2025

13:59

285

Големина на фонт

а а а

Рафиња минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на Барселона и доживеа голем пресврт во кариерата, сето тоа благодарение на Ханси Флик кој од прв момент покажа верба во квалитетите на бразилскиот фудбалер.

По заминувањето на Чави, Рафиња беше на излезни врати од Барселона и се очекуваше да биде една од ѕвездите кои први ќе бидат продадени, но наместо тоа, Германецот Флик имаше поинакви планови за офанзивниот фудбалер, кој сега е незаменлив во стартниот тим на каталонците.

Летото 2024-та година, Рафиња одби и богата понуда од Саудиска Арабија за да остане во Барселона, а за каква опција станувало збор, најдобро говори изјавата на самиот фудбалер.

– Сите знаат дека размислував да си заминам пред една година, верував дека е момент да си одам, се додека не дојде новиот тренер. Прво разговаравме телефонски, а потоа и лично на првата средба. Ханси Флик ме убеди да останам и фала му на Бог што успеа во тоа.

– Понудата од Саудиска Арабија не беше секојдневна, тоа беше богата понуда со која ќе ги решев животите на моите родители, на моите деца и на многу луѓе околу мене. Мислев дека е време да го обезбедам моето семејство, но не погрешив што останав во Барселона, – вели Рафиња.