Скандал: Пред една година судел во Премиер лигата, потоа „шмркал бел прав“, а сега е осуден поради морничаво видео од малолетно дете

Точка

14/10/2025

21:00

495

Големина на фонт

а а а

До пред една година, Дејвид Кут бил редовен на натпреварите од англиската Премиер лига, и тоа главно на оние „појаките“, каде што ги гледавме пресметките на најдобрите екипи од тамошното првенство. А потоа – колапс на системот...

Прво, на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како јавно го навредува германскиот тренер Јирген Клоп, нарекувајќи го „арогантна германска пи*ка“, по што во јавноста излезе нов контроверзен видеозапис од овој Англичанец.

На снимката можело да се види како Дејвид Кут вшмркува бел прав со непознат состав, поради што веднаш бил суспендиран од страна на Премиер лигата и УЕФА.

Приказната продолжи кога Дејвид Кут јавно објави дека е „хомосексуалец“, обидувајќи се на некој начин да го одврати вниманието од целата приказна околу скандалите поврзани со Јирген Клоп и белиот прав, а потоа – нов скандал.

Англиското правосудство во септември покрена постапка против него поради „инцидентно видео од дете – категорија А“, што во таа земја претставува најтежок вид на кривично дело од ваков тип, кое вклучува малолетни деца злоупотребени од страна на возрасни лица.


Тој е обвинет пред Магистратскиот суд во Нотингем, а во вторникот сите англиски медиуми објавија дека Дејвид Кут е прогласен за виновен и правосилно осуден за снимка направена на 2 јануари 2022 година.

Кут моментално е на условна слобода, но ќе мора да се појави повторно на суд на 11 декември, кога ќе му биде изречена затворската казна, а врз основа на тоа ќе се утврди и степенот на кривична одговорност кој му се става на товар.