Бил ослободен од израелски затвор, но никој не го дочекал: Израелската војска му го убила целото семејство

Точка

15/10/2025

13:21

736

Големина на фонт

а а а

Стотици палестински затвореници беа ослободени од израелските затвори. За некои, нивното враќање беше тажен потсетник на бруталноста на војната. Еден од оние кои ја почувствуваа целата тага на овој свет е Абед ал Рахман ал Харбваи — него никој не го дочекал, бидејќи целото негово семејство е убиено во израелскиот геноцид.

Бомбардирањето престана, а речиси 2000 палестински затвореници беа пуштени на слобода како дел од мировниот план на претседателот Трамп.

Илјадници луѓе се собраа во градот Газа, надевајќи се дека ќе ги пречекаат своите сакани. Но, никој не го чекал Абед ал Рахман ал Харбваи.


„Целата моја фамилија е убиена во војната. Тука нема никој што го познавам“, изјавил тој за новинарите со кои соработува државната телевизија на Норвешка.

Ал Харбваи вели дека бил држен две години во подземна ќелија во затворот Ајалон во Рамла, Израел.

„Не сум видел сонце, небо ниту почувствував свеж воздух цели две години“, раскажува тој.

Според „New York Times“, меѓу ослободените, 250 затвореници биле осудени за насилство и терористички дела, додека околу 1700 биле затворени без никакво обвинение.

Еден од нив е Мохамед ал Бахтатити, кој раскажува дека неговото семејство немало средства да ангажира адвокат, но се потсетува себеси и својата мајка дека сепак имал среќа.


Многу од ослободените затвореници се неухранети и во лоша здравствена состојба. Неколкумина биле веднаш пренесени во болница по пристигнувањето во Газа, пишува „New York Times“.

Мохамед и неговиот брат Калил биле во затвор две години. Велат дека верувале оти нивното семејство е убиено за време на војната.

Поради тоа, стравувале од најлошото кога биле пуштени. Истовремено, нивната мајка, Ум Мохамед, била во длабока тага во Газа, убедена дека ги загубила синовите.

„Мојот сопруг постојано плачеше, а јас се онесвестив“, раскажува таа. Кога повторно ги видела своите синови – ја исполнила неизмерна радост, пренесува норвешката „NRK“.