Кин го подбра Рашфорд и му одржа лекција на напаѓачот: Ќе стане светска класа кога ќе исполни три работи

Дерби

15/10/2025

11:29

327

Големина на фонт

а а а

Маркус Рашфорд доби повик од Томас Тухел во англиската фудбалска репрезентација поради својот добар старт во Барселона, нешто што изгледаше незамисливо за напаѓачот во ситуација кога беше целосно отстранет од секојдневната рутина во завршната етапа во Манчестер Јунајтед.

Како повратниот во националниот тим, Рашфорд ја префрли топката и посочи дека лошата атмосфера во Манчестер Јунајтед била една од главните причини за големиот пад во формата која ја доживеал, а бидејќи на овој начин директно го впери прстот кон клубот, сега доби лекција од Рој Кин.

– На крајот од авантурата во Манчестер Јунајтед, беше очигледно дека има проблеми меѓу клубот и самиот фудбалер. Според мене, тој беше еден од проблемите во Манчестер Јунајтед, особено како еден од најискусните играчи во тимот.

– Тој требаше да биде оној кој ќе постави стандарди за играчите кои доаѓаат во тимот, за новите лица во клубот. Никој не се сомнева во неговиот талент, но талентот не е доволен.

– Фановите на Јунајтед беа фрустрирани од три работи: Говорот на телото, тоа што не се враќаше назад во одбрана и што не притискаше како што треба. Ако ги исполни ние три работи и се прибере, не гледам зошто не би бил играч од светска класа, – вели Кин.