Лукаку добил морбидни уцени: Ни се кине срцето поради тоа што не го закопавме нашиот татко…

Дерби

15/10/2025

11:28

339

Големина на фонт

а а а

Ромелу Лукаку е во аут поради тешка повреда на мускулот и нема да му стои на располагање на Антонио Конте најмалку до Нова година, но во меѓувреме, Белгиецот се најде во центарот на вниманието поради една објава на социјалните мрежи која ја испрати во јавноста заедно со својот брат Џордан.

Браќата Лукаку останаа без својот татко кој почина на 58-годишна возраст на крајот на месец септември, но дури и три недели подоцна, не најдоа начин да го пренесат телото во Европа, или поточно во Белгија.

Како што откриваат браќата Лукаку, одредени луѓе од ДР Конго се обиделе да изнудат пари со уцени во целиот овој процес, а на крајот, семејството не успеало да го оствари она што го посакувало од прв момент.

– Како што можеби знаете, планиравме погреб на нашиот татко овој петок, но поради одредени одлуки во Киншаса, погребот ќе се одржи таму.

– Нашиот татко почина на 28-ми септември и ние како браќа се обидовме да го вратиме неговото тело во Европа, но почувствуваме дека некои луѓе постојано не уценуваат. Да беше нашиот татко меѓу нас се уште, немаше да го прифати ова. Ни се кине срцето што не можеме да го закопаме нашиот татко какошто сакаме, но некои луѓе не го дозволија тоа. Сега разбираме зошто нашиот татко не држеше подалеку од многу луѓе. Бог нека ја благослови твојата душа, – гласи соопштението на браќата Лукаку.