Де Ла Фуенте за играчот кој доби овации во Валјадолид: Тој гледа работи кои другите не ги гледаат

Дерби

15/10/2025

11:25

200

Големина на фонт

а а а

Шпанија продолжи да ги „меле“ противниците во својата група и изминатава вечер и даде четири гола на Бугарија во Валјадолид, натпревар на кој главната напаѓачка улога ја одигра Микел Мерино.

Фудбалерот на Арсенал постигна два погодоци пред да видиме автогол од Чернев и гол од пенал на Ојарзабал за печат на триумфот, но и овојпат, главен двигател на играта на „црвената фурија“ беше Педри.

Ѕвездата на Барселона игра во страшна форма и не доби поштеда на мечот со Бугарија, а Луис Де Ла Фуенте како селектор на европскиот шампион делеше само комплименти за својот играч за врска.

– Педри е генијален фудбалер, со неговата визија беше отворен резултатот. Тој гледа работи кои останатите фудбалери не ги гледаат.

– Имавме слична акција и на натпреварот кој го игравме во Елче против Грузија, а Ле Норман и денеска одлично ги препозна движењата на Педри. Шпанската публика има добар вкус и го испрати со овации, но најсилното оружје на Шпанија е тимската игра, – изјави шпанскиот селектор.