Ван Бастен со сериозни критики за голема ѕвезда на Барса: Игра како поштар!

Дерби

15/10/2025

11:22

270

Големина на фонт

а а а

Френки Де Јонг добива критики кога настапува за Холандија дури и кога националниот тим победува, а најдобар доказ за тоа е последната изјава на Марко Ван Бастен.

Легендарниот голгетер остана разочаран од изданието на Френки во победата на „лалињата“ против Финска со резултат 4:0, пред се поради неговата зихерашка игра во средниот ред во која не употребува доволно ризик во офанзивните задачи.

Де Јонг веќе со години наназад мора да се соочува со притисок од јавноста како најдобар играч за врска на националнио тим, па сигурно до него ќе допре најновата изјава од човекот кој важи за еден од најдобрите голгетери во историјата.

– Сè уште чекам од Френки да ја забрза играта на Холандија и да почнеме да играме фудбал во друга брзина. Тоа што го гледав ми изгледа разочарувачки, понекогаш изгледа како да гледаме поштар, – порачува Ван Бастен, алудирајќи на конзервативната и бавна игра без ризик.

– Функцијата на Де Јонг како играч за врска треба да биде брзо пренесување на топката во опасниот дел од зоната, но тој ретко го прави тоа во Холандија. Тој ја има потребната визија и потребниот квалитет за да го прави тоа. Само за споредба, Педри игра побрзо од него и презема големи ризици во нападот, тоа е она што ние го очекуваме од Де Јонг, – изјави Ван Бастен.