Не мрда од Тексас: Кид потпиша нов договор со Далас

Дерби

15/10/2025

11:21

129

Големина на фонт

а а а

Џејсон Кид и во иднина ќе биде предводник на екипата на Далас Маверикс, објавија американските медиуми.

Кид од 2021 е на клупата на клубот од Тексас и ќе остане тука и во наредните години затоа што прифатил нов повеќегодишен договор.

Инаку Џејсон беше интересен за Њујорк Никс минатово лето, но Далас не даде дозвола за преговори и со тоа можност за заминување. Пред две години некогашниот плејмејкер беше мета и на Лос Анџелес Лејкерс, но Маверикс ги одбива сите напади затоа што верува дека го има вистинскиот човек за проектот.

Тој како тренер на оваа екипа има учинок од 179-149, тим кој во сезоната 2023/2024 го одведе до НБА финалето. Досега има работено уште во Бруклин Нетс, Милвоки Бакс, а во периодот од 2019 до 2021 година беше асистент во Лејкерс, период во кој „езерџиите“ беа и шампиони.