Готвач со Мишелинови ѕвезди ја открил тајната на совршеното пире од компири – додадете ја само оваа состојка и ќе биде покремасто

Точка

13/10/2025

16:30

335

Големина на фонт

а а а

Ништо не е поубаво и не ја грее повеќе душата од порција пире од компири. Кремасто и вкусно, одлично може да се вклопи со многу јадења, а исто така и брзо се подготвува.

Доколку не сакате да купувате готово пире во продавница, лесно може сами да го направите.

За да го подобрите квалитетот на пирето, постои трик којшто го користат и готвачите со Мишелинови ѕвезди. Готвачот Финикс неодамна споделил рецепт којшто професионалците го обожуваат, а се прави едноставно.

Овој рецепт го смислил Жоел Робушон, готвач со три Мишелинови ѕвезди којшто бил прогласен за готвач на векот.


Неговото пире од компири се смета за едно од најдобрите на светот. Без оглед на популарноста на ова јадење, многу едноставно се подготвува и содржи само четири состојки. Една од нив е путерот, а се користи во големи количини.

Според Робушин без оглед на тоа колку компири користите, путерот и млекото треба да бидат еднакви на половина од неговата тежина.

Тоа може да изгледа како преголема количина, но токму путерот и млекото на јадењето му даваат луксузен вкус, совршен за ладни, доцни вечери.

Посебноста на рецептот е во тоа што компирите не ги лупите пред варењето, туку после тоа.

Состојки:

- 1 килограм компири;
- 250 грама ладен, несолен путер, исечкан на коцки;
- 250 милилитри топло млеко;
- крупна морска сол.


Подготовка:

Ставете ги компирите во големо тенџере, додадете прстофат морска сол и варете околу 30 минути додека не омекнат. Исцедете ги и излупете ги додека се жешки.

Најлесно е да ги засечете на средина и така да ја извадите лушпата, држејќи го компирот со хартија доколку е прежежок.

Згмечете ги компирите, вратете ги во тенџерето и оставете ги на тивок оган додека вишокот влага не испари (околу 5 минути), постојано мешајќи.

Додадете го ладниот путер дел по дел, мешајќи со дрвена или силиконска лажица додека рамномерно не се соединат состојките. Потоа ставете го жешкото млеко, мешајќи.

Додадете сол по вкус и послужете веднаш, со колбаси или месо, или со риба.

Според зборовите на Робушон, ова е веројатно најдоброто пире од компири на светот – неверојатно меко, богато и вкусно.

На здравје!