Федерико Бернардески се обидува повторно да се врати на фудбалската мапа од која некако исчезна откако во 2022 година се пресели во Торонто.
Сега тој повторно настапува во Европа, во родната Италија каде е дел од Болоња која е активна како дома така и на европската сцена. Бернардески се надева дека со добри партии ќе се врати во италијанската репрезентација за која нема настапувано уште од 2022 година, сценарио кое му го посакува и на Федерико Киеза кој не успева докрај да се наметне во Ливерпул.
- Навистина го сакам Феде како брат. Тој го заслужува тоа, го заслужил и ќе го заслужи повторно. Мислам дека ни е потребен ваков чист талент, дури и ако понекогаш се критикувани. На крајот на краиштата, талентот си е талент. И тоа се гледа во тешки моменти, како она што му се случи минатата година, но погледнете како излегува од тоа. Разговараме многу, тој е во одличен тим и ако е таму, тоа е затоа што заслужува да биде таму, -вели Бернардески кој верува дека заедно со Киеза ќе играат на СП во 2026 година.
- Се надеваме дека ќе бидеме таму заедно. Никој од нас не бил на ниту едно досега, би било убаво да одиме заедно, за сите, па и за Италија, - заклучи некогашниот ас на Јувентус и Фиорентина.