„Четири години ВМРО-ДПМНЕ, Митески и Муцунски раководат со Општина Аеродром и четири години гледаме само разочарувања, незаинтересираност и неисполнети ветувања. Ветуваа многу, „хумана урбанизација“, 100.000 квадратни метри ново зеленило, 3.000 нови паркинг места, 4 нови градинки, таблет за секое дете, смарт табли во секоја училница…“, вели Милутин Ристевски, носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата во општина Аеродром.
„А што добија граѓаните? Запуштени паркови, треви до колена, ѓубре на секој чекор и буквално ниту метар ново зеленило.
Ниту едно клучно ветување не е реализирано! Ветени 4 нови градинки – ниедна не е изградена. Ветено зголемување на помошта за новороденчиња – ништо од тоа. Ветена нова гимназија – не е ни започната. Од ветените 6 кружни текови – ниту еден не изграден. Од 3000 паркинг места – само две мали паркиралишта.
„Вело-дромот“ и велосипедските патеки на секоја улица? Само празни зборови. Ветија гасификација, еко-полиција, фонд за реконструкција на фасадите – и сè тоа исчезна веднаш по изборите.
Време е управувањето со Аеродром да го довериме на чесни, посветени и одговорни луѓе. Време е за промена што ќе донесе резултати и вистински развој.
Аеродром заслужува повеќе – зелена, функционална и современа општина во која ќе живееме со гордост. Аеродром е нашиот дом – и време е повторно да го изградиме заедно“, изјави Милутин Ристевски, носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата во општина Аеродром.