Францускиот претседател Емануел Макрон го поздрави ослободувањето на првите седум израелски заложници кои беа ослободени од Газа утрово, нагласувајќи дека со овој чин „мирот станува можен за Израел, за Газа и целиот регион“, објавува “The Times of Israel“.
Ја споделувам радоста на семејствата и израелскиот народ, напиша Макрон на социјалната мрежа Икс.
Со нивното ослободување, како и на другите заложници, мирот станува можен за Израел, Газа и целиот регион, рече Макрон, кој ќе им се придружи на светските лидери на самитот во Египет, каде што треба да се дискутира за американскиот план за завршување на војната во Газа.